септември 20, 2024

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, проговори за соработката со најголемите тренерски имиња како Душан Дуда Ивковиќ и Жељко Обрадовиќ.

Трикратниот освојувач на Евролигата, заборуваше во емисијата „Фер плеј со Јана“.

Антиќ стана европски првак со двајцата тренери, со Дуда двапати во Олимпијакос, а со Обрадовиќ еднаш во Фенербахче.

„Евробаскет 2011 ми даде шанса да се докажам, а потоа ми се јави Дуда Ивковиќ, еден од најголемите во историјата на кошарката. Дуда Ивковиќ е мотиватор, Жељко Обрадовиќ е мислител. Има девет титули во Евролигата и седи до три сабајле и гледа НБА лига и учи. Кога ќе дојде на тренинг се црта и после ти кажува што смислил. Клучот е кај него. Најдобар пријател ти е 22 часа и два часа ти ја вади душата. Ако ти каже „Ова е дрво“, велиш „дрво е“, ако ти каже „Ова е железо“, вечиш дека е железо. Ако кажеш дека не е тогаш трчаш 80 должини, па ти види што ќе кажеш“, вели Антиќ.

Антиќ и Обрадовиќ работеа заедно од 2015 до 2017 година, кога македонскиот кошаркар замина во НБА..

„Не мораш кај него да бидеш дисциплиниран, можеш да му контрираш, но на крајот губиш се. Тој те учи на дисциплина и на се“, објасни Антиќ.

The post Перо Антиќ за Обрадовиќ: 22 часа ти е најдобар пријател, а два часа ти ја вади душата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK