ноември 23, 2024

Првиот ден од месецот март, според народните верувања е ден на Баба Марта, митски лик со кој се поврзани повеќе обичаи и традиции. Во народните преданија, Баба Марта (месец март) е сестрата на Голем Сечко (јануари) и Мал Сечко (февруари) и таа е претставена како лик со непредвидлив карактер, од добродушна и мирна до лута и злобна. Од таму и изразот Баба Марта се користи за променливото време во месецот март.

БАРАЈ

Gostivarpress.mk
ВЕСТИМартинки – Да или не?Објавено пред 7 години на 01/03/2017Од Gostivarpress.mk
Првиот ден од месецот март, според народните верувања е ден на Баба Марта, митски лик со кој се поврзани повеќе обичаи и традиции. Во народните преданија, Баба Марта (месец март) е сестрата на Голем Сечко (јануари) и Мал Сечко (февруари) и таа е претставена како лик со непредвидлив карактер, од добродушна и мирна до лута и злобна. Од таму и изразот Баба Марта се користи за променливото време во месецот март.

Најпознатиот симбол на третиот месец од годината се мартинките. Тие се прават со црвен и бел конец кои се усукуваат и така преплетени се ставаат околу раката или закачени на облеката се` додека расцвета првото дрво. Верувањата се дека кога ќе расцвета првото дрво, мартинката се закачува на него со желби за здравје на целото семејство.

Црквата смета дека мартинките се пагански обичај. „Луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сѐ до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите) и сѐ додека да расцути првото дрво. Вадењето на ‘мартинката’, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никаква врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните на раката, или во раката носиме бројаница, украсена со крст, која ни служи за молитва“, стои во објава на Бигорскиот манастир..

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK