Фудбалерот на Сасуоло и италијански репрезентативец Доменико Берарди најверојатно нема да настапи на Европското првенство во Германија.
Крилниот напаѓач заработи повреда на Ахиловата тетива на натпреварот против Верона. Берарди неколку месеци ќе биде на рехаблитиација.
Тој беше изнесен од теренот на стадионот „Бентегоди“ во солзи, свесен за степенот на повредата и фактот дека нема да може да му помогне на Сасуоло во борбата за опстанок, ниту на репрезентацијата која на ЕП ќе ја брани титулата.
По поразот од Верона, Сасуоло е претпоследен 19. на табелата со 20 бода на своето конто, па тимот од Реџо Емилија ќе има тешка задача да остане во Серија А.
Берарди (29) беше важен дел од селекцијата на Италија која пред три години го освои Европското првенство под водство на селекторот Роберто Манчини.
The post Тежок удар за Сасуоло, се повреди Берарди appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде