ноември 23, 2024

На единствениот број за итни случаи 112 дневно се примаат околу 2.000 повици. Како што вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК „За секого по нешто“, половина од повиците се лажни, погрешни и злонамерни, но вработените сите ги сослушуваат. Со тоа, вели Ангелов, помагаат индирекно затоа што овие граѓани не ја држат зафатена линијата на Брзата помош или полицијата.
Пред неколку дена, на 112 имале, како што велат, бизарен и чуден повик. Се јавило лице кои пријавило дека паднало и не добива никаква помош. Кога вработените во 112 го прашале каде се наоѓа за да испратат помош, лицето рекло дека е во болницата во Велес.

„Нашите оператори мислеле најпрво дека станува збор за некое недоразборањ,е оти како е можно лице кое е згрижено во болница да бара помош? Но, навистина било така. Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош. Нашите мислеле дека умрел пациентот оти одредено време го немало на линија, а тој го исклучил телефонот за да ја зачува батеријата. На крај, овој бизарен случај се заврши успешно, Брзата помош спаси пациент кој падна од кревет во велешката болница“, кажува Ангелов.
Сдк.Мк

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK