ноември 23, 2024

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс ги коментираше настаните во клубот и она што го работи менаџерот Ерик тен Хаг.

Поранешниот играч на Јунајтед смета дека Холанѓанецот нема да биде тренер на тимот во следната сезона. Ова го изјави по вчерашниот пораз на „црвените ѓаволи“ во градското дерби од Манчестер сити (3:1).

„Она што го гледаме е милион милји далеку од тим кој треба да биде претендент за титулата. Така е секоја сезона“, рече Сколс и продолжи.

„Мислам дека „ИНЕОС“ веќе ја кажа својата поента. Мислам дека Тен Хаг нема да биде таму следната сезона. Не. Од интервјуто што го слушнав од Ретклиф, можам да ја видам негативноста кон она што е направено во последните 10, 11 години. а особено во последните две. Мислам дека не е среќен поради тоа што се случува. Не би бил изненаден ако сега бараат нов тренер. Не велам дека тоа е вистинската одлука“, рече тој.

Ерик тен Хаг е втора сезона на клупата на Јунајтед, а се уште нема знаци за напредок. Холанѓанецот имаше планови Јунајтед оваа сезона да се бори за титулата, но како сега стојат работите неговиот тим ќе се бори за пласмна во Лига Европа или Лигата на конференции.

The post „Тен Хаг нема да биде во Јунајтед следната сезона“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK