ноември 23, 2024

Обожавателите наскоро ќе може да го вклучат Нетфликс и да се опуштат со омилената серија на жените од 90-тите и раните 2000-ти. Сите шест сезони на „Сексот и градот“ ќе започнат со стриминг на Нетфликс на 1 април. Сепак, договорот не ги вклучува двата филма или продолжението на франшизата.

Веста ги воодушеви обожавателите, но многумина се прашуваат како генерацијата Z ќе реагира на серијата. Кери, Саманта, Миранда и Шарлот влегоа во нашите животи на 6 јуни 1998 година, а нивните ликови во серијата денес би можеле да бидат проблематични за помладите генерации.

I am not ready for Gen Z to interact with this show https://t.co/RF2ZnaMpBD

— Danny Barry (@TheDannyBarry) March 2, 2024

„Ова ќе биде културен шок за генерацијата Тикток“, „Ген Z тешко ќе го поднесе ова“, „Сè ќе биде проблематично за нив“, „Тие ќе се обидат да го откажат и ова“, „Треба да има 33+ ознака за ова“, „Дефинитивно ќе ја мразат Кери“, „Ќе ни го уништат и ова“, се само дел од коментарите на Тикток.

Сепак, милениумците се пресреќни. Како и да не бидат кога целото детство го поминаа гледајќи ги комплицираните љубовни животи на популарната четворка, која на главниот протагонист му служеше како одлична инспирација за колумна за сексот и со нив ги доживуваше сите животни драми.

The post „Сексот и градот“ доаѓа на Нетфликс, сите се прашуваат една работа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK