ноември 23, 2024

Демократскиот сојуз алармира на злоупотреба на легализацијата на канабисот за медицински цели и денеска предложи да се забрани, како што велат, „наркобизнисот“ во Македонија.

„Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува, над 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко бизнисот и злоупотребата на канабисот.

Присуството на експерти од странство за борба против наркобизнисот во Македонија потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на наркокартели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија“, велат од партијата.

Тие посочуваат дека досега се откриени над 10 „кражби“ на марихуана, обиди за нелегална продажба на канабис итн.

„Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на Обединетите Нации.

Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти, укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид на легализиран криминал. Во овој ‘бизнис’ се вклучени и носители на високи државни и политички функции“, се вели во соопштението од партијата, од каде додаваат дека по изборите ќе предложат укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK