Кристијано Роналдо (39) го напушти Манчестер јунајтед во јануари 2023 година и потпиша две и пол годишен договор со Ал Наср, со што стана најплатениот фудбалер во светот.
Славниот Португалец, повеќекратен добитник на „Златната топка“ и според многумина еден од најдобрите играчи во историјата, во Саудиска Арабија заработува околу 200 милиони евра годишно, што го вклучува и комерцијалниот дел од договорот.
Досега Роналдо за саудискиот клуб забележа 49 настапи, постигна 42 гола и забележа 13 асистенции. Врз основа на тоа искуство, тој во јануари 2024 година рече: „Саудиската лига не е послаба од француската Лига 1. Саудиската лига е поконкурентна од француската, една година сум туука и можам да го кажам тоа. Оваа лига е веќе подобра од француската,а штотуку почна да расте“.
Изјавата на Роналдо не му се допадна на Френк Лебоеф (56), пензионираниот дефанзивец кој со Франција го освои Светското првенство во 1998 година и Европското првенство во 2000 година, додека најуспешниот дел од клупската кариера го мина во Челзи, со овој тим освои седум трофеи.
„Како тоа ја спомна француската лига, а не, да речеме, португалската лига. Па, повеќе од јасно е. Во тој момент Меси играше во Лига 1 и со тоа сакаше да ја потцени. Го почитувам Роналдо како играч, но во овој случај подобро му е да мочли. Не е фер кон француското првенство“, изјави Лебеф.
The post „Роналдо, подобро е да молчиш! Во сè го гледаш Меси“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде