ноември 23, 2024

„Парни ваљак“ во мај доаѓа во Скопје, првпат по смртта на Аки Рахимовски кој долги години беше пејач и фронтмен на хрватската рок група. Концертот е закажан за 18 мај во салата „Јане Сандански“.

„Фреди Меркјури и нашиот Аки Рахимовски имаат многу заеднички особини, но една е посебно изразена. А, тоа е, дека и двајцата беа суверени владатели како на сцената, така и со публиката. Фреди Меркјури ја отпеа ‘The Show Must go On’, а сите ние знаеме дека секогаш истото го мислеше и до последен здив така и живееше и нашиот Аки. Парни Ваљак продолжи понатаму со нов пејач, гордо и квалитетно, онака како што и изгледа од своите први денови на почетокот на кариерата… и Авалон одлучи дека едноставно дојде време Парни Ваљак повторно да свири во Скопје“, велат од „Авалон прокукција“.

За скопскиот концерт на Парни Ваљак лидерот на бендот, Хус, кој заедно со „Парни ваљак“ оваа година ќе ја добие најпрестижната награда за музика во Хрватска – ПОРИН за животно дело, вели дек аима големи очекувања.

,,Наша голема желба, а уште поголема одговорност е во Скопје, во градот на Аки, да отсвириме концерт, кој нашата одлука да продолжиме понатаму ќе направи да биде оправдана. Се разбира дека, во приказната за ‘Парни ваљак’, Аки е неизоставен дел и тој секогаш ќе биде во нашите срца“, вели Хус.

Од „Авалон“ најавија дека влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од утре.

The post „Парни ваљак“ во мај во Скопје: Голема одговорност е во градот на Аки да отсвириме концерт appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK