На 05.03.2024 во 01.15 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода Д.П.(21) од село Ангелци. Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво” по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено поправна установа – Затвор Струмица за доиздржување на две години и пет месеци од казната. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
Следете не, не има насекаде