ноември 23, 2024

Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го заврши договорот со ПСЖ и ќе замине во Реал Мадрид како слободен играч. Сезонава францускиот напаѓач постигна 32 гола на 33 настапи и константно играше, но тренерот Луис Енрике му даде 28, 65 и 45 минути на последните три натпревари, што е уште еден знак за негово заминување.

Пензионираниот француски репрезентативец Кристоф Дугари (51) зборуваше за Мбапе и Енрике воемисија на француското радио РМЦ.

„За прв пат ПСЖ има тренер кој има ма…а да го извади Мбапе бидејќи не игра добро. Според мене, Енрике не го сака Мбапе и начинот на кој тој игра во моментов. Енрике е секогаш провокативен, но ме шокираат неговите изјави по натпреварите. Човече, Мбапе заминува за три месеци, а ти немаш план. Дали твојот тим е подобар без него? Докажи ни“, рече Дугари.

Поранешниот напаѓач на Бордо, Милан, Барселона и Марсеј смета дека Мбапе има „просечна сезона и покрај тоа што има добра статистика“ и додава дека за ова е одговорен Енрике, шпанскиот тренер кој го презеде тимот во летото 2023 година.

„Не успеа да искористи таков играч како што треба. Мбапе можеби го загуби патот поради промените во тактиката и соиграчите“, анализира Дугари, кој со Франција го освои Светското првенство во 1998 година, а две години подоцна и Европското првенство.

Во исто време, Дугари е незадоволен од однесувањето на Мбапе.

„Тоа што го прави Мбапе е скандалозно. Тој е капитен на ПСЖ и на француската репрезентација. Енрике има право да го замени бидејќи не игра добро. Мбапе нема право да го прави она што го прави, да врти почесни кругови, и прави селфиња. Каков циркус е тоа?“ изјави Дугари.

The post Дугари: Ова што го прави Мбапе е скандалозно appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK