ноември 23, 2024

Муктар Дијакаби, во саботата доживеа тешка повреда во финишот на натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид (2:2).

Како изгледаше моментот кога Аурелиен Чоамени ненамерно го повреди стоперот на Валенсија, најдобро покажаа гестикулациите на играчите кои беа сведоци на повредата.

Многумина од нив се држеа за главите, некои од нив воопшто не можеа да погледнат во тој правец, а Чуамени застана сам на другата страна од теренот во шок поради тоа што ненамерно го направи.

Да потсетиме, на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, Чуамени сакаше да ја освои топката, но загуби рамнотежа и со тежината на целото тело падна на десната нога на Дијакаби.

Д-р. Енрике Гасталди на шпанската јавност и објасни дека повредата што ја заработи ке „страшна“ и „најлошата можна за еден фудбалер кога е коленото во прашање.

„Се работи за многу тешка повреда, веројатно четири-пет лигаменти се оштетени. Првата цел е тој да може повторно да оди“, изјави докторот.

Враќањето на Дијахаби на терените реално не се очекува годинава, а прашање е дали ќе игра и следната сезона. Помалку оптимистичка прогноза нуди Хуан Хозе Лопез Мартинез, инаку докторот на шпанскиот тенисер Карлос Алкараз. Според него, можно е оваа повреда да значи и крај на кариерата за Дијакаби.

The post (Видео) Тешко се повреди против Реал – Крај на кариерата за Дијакаби appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK