ноември 23, 2024

Советот на Трафорд, областа на Манчестер, каде што се наоѓа култниот стадион „Олд Трафорд“, го поддржа планот на косопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф да го урне објектот кој е отворен во далечната 1910 година, и да изгради нов, модерен стадион кој веќе е наречен „Вембли на северот“.

Англискиот бизнисмен неодамна стана сопственик на 25 отсто од Манчестер јунајтед, а преку компанијата „Инеос“ доби две места во Надзорниот одбор и право да раководи со фудбалскиот сектор.

Првиот потег на Ретклиф не е насочен кон тимот кој не е ни блиску до борба за шампионската титула, туку кон преселба на нов стадион.

Ретклиф подготви проект со Советот на Трафорд за изградба на нов стадион во близина на сегашниот, кој ќе биде ставен на јавна консултација следната недела. Се проценува дека изградбата ќе чини две милијарди евра. Ставот на членовите на Советот на Трафорд е дека трошоците треба да ги сноси Манчестер јунајтед, но беше нагласено дека дел од парите би можеле да дојдат и од даночните обврзници доколку новиот дом на „црвените ѓаволи“ добие статус на национален стадион.

„Олд Трафорд“ беше национален стадион до 1923 година кога во Лондон беше изграден стадионот „Вембли“.

„Олд Трафорд е уморен и му треба реновирање. Можеме да ги следиме и примерите на Тотенхем, Арсенал и Манчестер Сити, кои изградија нови стадиони и денес служат како пример за тоа како ја обновиле целата област, успевајќи да ги задржат навивачите подолго во деновите на натпреварите“, изјави Ретклиф во интервју за Би-би-си.

The post Ретклиф ќе го сруши „Олд Трафорд“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK