На насловната страница на мексиканското издание на магазинот „Плејбој“ првпат во историјата се појави фотографија од девојка создадена со помош на вештачка интелигенција (AI).
Сите фотографии на таканаречената Саманта Еверли објавени во тој број се генерирани од невронска мрежа, а таа е претставена како 23-годишна девојка со руса коса и сини очи.
Моделот направен со вештачка интелигенција има профили на социјалните мрежи и повеќе од 119.000 следбеници, а веб-страницата на „Плејбој“ тврди дека нејзината популарност „расте како шумски пожар“.
Во „Плејбој“ е објавено и „интервју“, во кое манекенката тврди дека е голема чест да се биде на насловната страница на ова списание.
Во февруари компанијата „Епл“ го претстави MGIE, мултимодален АИ-модел за уредување слики, а калифорниската компанија „Опен АИ“ го претстави моделот за вештачка интелигенција „Сора“, кој создава реални видеа врз основа на внесување текст за само една минута, објавија медиумите.
The post ВИДЕО: „Плејбој“ првпат објави насловна со девојка создадена од вештачка интелигенција appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде