мај 11, 2026

Тригодишната Срна замина од болница, откако со помош на граѓаните се собраа средствата за лекување во приватната болница „Систина“. Мајката Васка Цветаноска-Панова се заблагодари на докторот Ристо Симеонов.
Др Ристо Симеонов немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно! Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме а вие целосно и се посветивте. Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина. Кога ме свикаа сестрите да одам во соба за будење, вие бевте до неа и ме пречекавте со насмевка. Во истиот момент ми падна камен од душава.

Медицинскиот персонал, вие мили тетки и дадички ни бевте ветер во грбот. Толку бевте внимателни и трпеливи кон Срна но и кон нас како родители.

Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој…“, вели Васка Цветаноска-Панова.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK