мај 11, 2026

Во 2023 година, во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети”, со средства обезбедени преку УНДП и општината во село Требеништа се изгради современо детско игралиште, а со тоа најмладите добија свое катче за игра и рекреација.

Како локална самоуправа ќе продолжиме и во наредниот период да градиме детски игралишта од ваков тип, со цел децата да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат.

Активностите за модернизирање на детската и спортската инфраструктура на територијата на општина Дебрца продолжува и оваа година, при што ќе издвоиме неколку вакви проекти

Оровник –обнова на постојните и поставување на нови детски реквизити на просторот кај јарболот, како и уредување и поставување детски реквизити кај горната чешма,

Горенци-детско катче со нови реквизити,

Волино-уредување на постојното детско игралиште,

Мешеишта-поставување дополнителни реквизити до постојните кај спортскиот полигон,

Ботун-уредување на детско игралиште во центарот, непосредно до зградата на училиштето,

Белчишта-изградба на детско игралиште во училишниот двор,

Лешани-санација на постојните реквизити на детското игралиште во училишниот двор.

Велмеј-реконструкција на одбојкарското игралиште и поставување детски реквизити.

Нашата заложба е речиси секое село со поголем број на жители да добие соодветни услови за спорт и рекреација на најмладите.

Стои во објавата на градоначалникот Ногачески.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK