мај 11, 2026

Министерката за одбрана Славјанка Петровска ја поздравува одлуката на Антикорупциската комисија која отвори предмет за набавката на хеликоптерите, напоменувајќи дека нема ништо спорно во постапката и дека таа е спроведена согласно закон.

Петровска вечерва во гостување на ТВ21 напомена дека Министерството за одбрана и стои на располагање на ДКСК за да ги достави сите документи што ќе и помогнат во дефинирање на вистината.

-Ја поздравувам одлуката на ДКСК која што во рамки на своите надлежности има право и обврска секогаш кога постојат одредени сомнежи во јавноста, во делокруг на својата надлежност да ги расчисти. Од причина што нема ништо спорно во оваа постапка којашто е спроведена согласно закон и законските постапки, јас лично го поздравувам ваквиот чин на ДКСК и стојам на располагање како министерка, но и Министерството за одбрана да ги доставиме сите документи што ќе им помогнат во дефинирање на вистината, рече Петровска.

Потенцираше дека постапката за набавка на хеликоптерите е почната пред неколку години и е согласно Законот за набавки од областа на одбраната и безбедноста, каде што се предвидува инструмент за склучување на договори Влада-со-Влада.

Додаде дека за сите набавки потребно е финансиските средства да бидат планирани, особено имајќи предвид дека во голем дел од набавките што се однесуваат на склучување на договори Влада-со-Влада, станува збор за големи суми на финансиски средства, поради што се склучуваат повеќегодишни набавки, односно се случува договорот, се исплаќаат средствата во неколку години и за одреден временски период опремата треба да пристигне. Како што рече, во 2024 година оваа набавка е предвидена.

Петровска објасни дека компанијата „Леонардо“ е избрана како една од најповолните понуди.

– Кога се разгледуваат понудите, тоа е задача на Интегрираниот проектен тим, тие не ги разгледуваат само перформансите. Перформансите се еден од условите или категориите што тие ги оценуваат. Многу е значајно при купување на вакви работи во одбраната, што ќе биде со одржувањето, што ќе биде со тренингот… Ние сега користиме воздухоплови, хеликоптери од источно производство. Тие во 2032 година мора да бидат отстранети, да престане нивното користање и од таа причина не ги модернизираме сите, туку оперативни се само неколку, рече Петровска.

Таа напомена дека два хеликоптери се испратени во Чешка на ремонт и тие ќе бидат вратени многу скоро, во март или април.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска вчера во интервју за МРТВ изјави дека е оформен предмет за набавката на хеликоптерите од компанијата „Леонардо“ и дека по обезбедувањето на фактичката состојба и доказите, ќе донесат соодветна одлука.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK