мај 11, 2026

Владата на Црна Гора усвои одлука за ограничување на маржите за повеќе од 500 продукти, а планот е да се намали инфлацискиот притисок врз граѓаните. Овие мерки ќе важат два месеци, односно од крајот на март до крајот на мај, објавија црногорските медиуми.

Премиерот Милојко Спајиќ рече дека инфлацијата во Црна Гора е увезена.

“Ова не го запира зголемувањето на цените, туку ги намалува цените на 500 артикли, кои се најважни за животот на граѓаните”, рече тој.

Европа сега 2, како што наведе, ќе биде следниот чекор за покревање на животниот стандард во Црна Гора.

-Се надеваме дека тогаш нема да имаме увозна инфлација и се надеваме дека ќе влеземе во период кога нето-стандардот на граѓаните дополнително ќе се зголемува, посочи Спајиќ

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK