мај 11, 2026

Новинарот Фуркан Салиу кој беше нападнат од извршителката Весна Јакимовска на социјалната мрежа Фејсбук објави дека полицаецот кој бил нападнат од извршителката поминал многу полошо од него

„За жал полицискиот службеник кој што беше нападнат од Весна Јакимовска поминал многу полошо од мене. Овој случај треба да биде поука и за другите обвинители. НЕ МОЖЕ ДА ПРАВИТЕ ШТО САКАТЕ! НЕ СТЕ СЕМОЌНИ! Има закон кој што точно дава насоки како треба да работите. Значи законот важи и за вас. Не можете на сила да и го земете венчалниот прстен од рака на немоќна жена! Не можете на сила да одземете микрофон од новинар. Не можете насилно да нападнете службено лице кое се грижи за вашата безбедност. Едноставно доаѓа моментот кога сите сакаат да избегаат од бродот кој што тоне. Е тогаш го креваш гласот, напаѓаш службени лица, се јавуваш сегде ама никој не се јавува… Карма„ напиша Салиу.

Извршителката Весна Јакимовска моментално е во притвор после нападите на Салиу и на полициски службеник. Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Кичево доставил предлог за определување мерка притвор за осомничената, од причини што во текот на целиот настан продолжувала да се заканува поради што јасно постои опасност од повторување на делото стои во соопштението на МВР.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK