Предупредувањето издадено од Амбасадата на САД во Москва на 7 март дека „екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти“ е поврзано со денешниот напад во Москва, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани извори.
Предупредувањето не беше поврзано со можна украинска саботажа, велат неименувани американски официјални лица, додавајќи дека Стејт департментот нема да го користи зборот „екстремисти“ за да предупреди за дејствија нарачани од Киев.
Весникот наведува дека американските власти сега се загрижени оти рускиот претседател Владимир Путин може да се обиде лажно да ја обвини Украина за нападот со цел да ја „поткопа поддршката“ за Киев.
Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на претседателот Бајден, претходно изјави дека Белата куќа „во овој момент нема индиции дека Украина или Украинците се вмешани“ во нападот во Москва.
За потсетување, кога Амбасадата на САД го издаде предупредувањето на почетокот од месецов, главниот уредник на РТ и медиумската група „Русија денес“, Маргарита Симонјан, напиша на „Телеграм“ дека „Во случај амбасадата на САД во Москва да не ѝ ги пренесе на руската служба информациите со кои располага за наводната терористичка закана што и се заканува на Москва, како што наведе на официјалната веб-страница, тогаш таа е соучесник во злосторството.“
„Немисли„партнери“! Ако имате конкретни информации, треба да ги пренесете на разузнавачките служби. Се надевам дека сте го направиле тоа. Ако не сте, тоа е соучесништво“, нагласи главната уредничка на РТ.
<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250