Најмалку четириесет лица загинаа, а повеќе од 100 се ранети кога вооружени лица облечени во маскирни униформи отворија оган од автоматско оружје кон луѓето во концертната сала „Крокус“. Засега се уште не е јасно кои се напаѓачите
Европската Унија е шокирана и згрозена од извештаите за терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва, напиша на социјалната мрежа Икс, портпаролот за надворешни работи на Унијата Петер Стано.
„ЕУ ги осудува сите напади врз цивили. Нашите мисли се со сите засегнати руски граѓани“,
додаде тој.
Russia: is shocked and appalled by the reports of a terrorist attack in the Crocus City Hall in Moscow.
The EU condemns any attacks against civilians.
Our thoughts are with all those Russian citizens affected.
— Peter Stano (@ExtSpoxEU) March 22, 2024
Најмалку четириесет лица загинаа, а повеќе од 100 се ранети кога вооружени лица облечени во маскирни униформи отворија оган од автоматско оружје кон луѓето во концертната сала „Крокус“. Засега се уште не е јасно кои се напаѓачите.
Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак изјави дека Украина не е вмешана во терористичкиот напад на „Крокус сити хол“.