ноември 24, 2024

Најмалку 40 луѓе се убиени, а над 100 се ранети во вечерашниот напад во концертната сала „Крокус“ во предградие на Москва, соопшти центарот за односи со јавноста на ФСБ, објави РИА новости. Истражувачкиот комитет на Русија кажа дека нападот се третира како терористички, но засега нема информации кој стои зад него

Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак изјави дека Украина не е вмешана во терористичкиот напад на „Крокус сити хол“.

„Како прво, Украина се бори со руската армија повеќе од две години. И сè во оваа војна ќе се решава само на бојното поле. Само по количина на оружје и квалитетни воени одлуки. Терористичките напади не решаваат никакви проблеми,

напиша Подољак на Икс.

Второ, додава тој, Украина никогаш не прибегнала кон употреба на терористички методи.

„И трето, долго пред настаните во Крокус сити хол слушнавме јавни предупредувања од странските амбасади стационирани во Москва за можноста од такви крвави ексцеси“,

наведува Подољак.

Ukraine certainly has nothing to do with the shooting/explosions in the Crocus City Hall (Moscow Region, Russia). It makes no sense whatsoever.

First of all, Ukraine has been fighting with the Russian army for more than two years. And everything in this war will be decided only…

— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 22, 2024

Најмалку 40 луѓе се убиени, а над 100 се ранети во вечерашниот напад во концертната сала „Крокус“ во предградие на Москва, соопшти центарот за односи со јавноста на ФСБ, објави РИА новости. Истражувачкиот комитет на Русија кажа дека нападот се третира како терористички, но засега нема информации кој стои зад него.

„Прелиминарно, како резултат на терористичкиот напад во комплексот на концертната сала ‘Крокус’, во моментов има 40 мртви и повеќе од 100 повредени“,

нагласија од центарот за односи со јавноста на ФСБ.

Најмногу петмина вооружени лица облечени во маскирни униформи се вмешани во нападот. Се верува дека најмалку еден успеал да избега и се трага по него.

Салата во која се случи нападот е оддалечена 20 километри од Црвениот плоштад во Москва. Новинската агенција РИА објави дека околу една третина од објектот е во пламен и дека покривот на салата се урива, а се верува дека внатре има уште луѓе.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK