По 11 години пратениците го завршија во целост својот мандат. Иако веќе немаат работа во Собранието, тие може да бидат повикани во секое време, доколку претседателот на Собранието одлучи дека треба законодавниот дом да заседава. Тоа се предвидува со деловникот но и Уставот на државата. Се вели дека Собранието е во постојано заседание.
Голем број на закони останаа неизгласани, а поради тоа последиците ќе ги трпат граѓаните. Еден од нив е и законот за заштита на децата, а чија што цел е решавање на проблемот со недостаток на лиценциран стручен кадар во градинките во Македонија.
Следете не, не има насекаде