Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш во последните месеци е во центарот на вниманието на светските медиуми, не поради неговите спортски успеси, туку поради тоа што беше осуден за силување. Му се закануваше долгогодишна затворска казна, но потоа се појави веста дека ќе излезе од притвор бидејќи за него е платена гаранција од милион евра.
Откако излезе од затвор медиумите шпекулираа кој ја платил кауцијата, бидејќи поради судскиот процес му беа замрзнати сите финансиски средства.
Во медиумите најпрвин се појави информација дека Нејмар ја платил кауцијата, но откако тој демантираше, се појави информација дека тоа го направил Мемфис Депај. Но излезе дека и таа информација не е точна.
Како што пишува шпански „Мундо депортиво“, станува збор за медиумска компанија во Бразил, која во замена за оваа услуга ќе добие ексклузивни права за интервју со 40-годишниот Алвеш.
Овој извор наведува дека се работи за позната медиумска компанија која во Бразил пишува за важни луѓе во оваа јужноамериканска земја и дека интервјуто е веќе снимено.
Трофејниот фудбалер е само привремено слободен. Откако платил кауција, шпанскиот суд му дозволил да остане надвор од затвор во очекување на конечната одлука во случајот со силувањето на девојка во ноќен клуб.
Поранешниот бразилски репрезентативец беше уапсен веднаш по Светското првенство во Катар, а беше осуден на четири и пол години затвор.
По излегувањето од затвор му беа одземени бразилскиот и шпанскиот пасош, а тој треба да се јавува на суд секоја недела.
The post Медиумска куќа го извлече Дани Алвеш од затвор appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде