Љупчо вели дека повеќе нема никаква доверба во институциите и во системот, бидејќи никој не успеа да ја разреши мистеријатада го најде неговиот син. Љупчо укажал дека причината за киднапирањето била високата сума на пари од 50 илјади евра што ја имал неговиот син откако неговиот син продал автомобил. Костадиновски ќе биде на 2 април на судскиот процес каде треба да има пресуда, но тоа останува само на хартија, без епилог за пронаоѓањето на нивниот син.
Моника Стојановска сестра на еден од обвинетите кој треба да ја слушнат пресудата во вторник со писмо до медиумите вели дека нејзиниот брат другар на Самоил воопшто не е вмешан во киднапирањето на Самоил. Нејзиниот брат е прообвинет во овој случај.
-Тврдиме дека ова е хајка против обвинетите и дека судството и обвинителството имаат огромен политички притисок за тие да бидат осудени по секоја цена. Тврдиме дека едноставно првообвинетиот се нашол во погрешно време и на погрешно место, со тоа што тој е последниот со кој Самоил бил виден и со кој се посочува дека бил во контакт пред да исчезне, ако воопшто е исчезнат?!
Помина една година од исчезнувањето на младиот скопјанец Самоил Костадиновски, кој на 3 март сред бел ден беше грабнат и од тогаш му се губи секаква трага. Согласно кривичниот закон – Тој што ќе изврши грабнување на некое лице со намера него или некој друг да го присили да стори, да не стори или да трпи нешто, ќе се казни со затвор од една до десет години. Од МВР за медиумите извсестуваа дека сите постапки за овој случај не се од јавен карактер и се ставени под „строго доверливо“.
Следете не, не има насекаде