ноември 22, 2024

Да не беше СДСМ во сите овие 30 години, ќе немаше ниту еден претставник на етничките заедници во моментов, рече поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен носител на листата во изборната единица два, Оливер Спасовски во гостување на ТВ Сител

Спасовски вели дека граѓаните на претстојните избори ќе имаат можност да одберат помеѓу два концепти – од една страна оној кој го предводи Коалцијата за Европска иднина со јасна цел за граѓаните, а од друга страна е опозицијата која нема став, ниту перспективи, туку единствено сакаат да ја заробат државата како што тоа било пример до 2017 година. Зборувајќи за програмата која неговата партија и коалиција ја нудат вели дека ветувањето за минималната плата од 600 евра и просечната од 1100 евра ќе бидат реализирани, и дека тоа е остварливо.

„Никој нема поголем кредибилитет  од СДСМ да зборува на оваа тема. Кога кажавме дека плата ќе расте, не убедуваа големите експерти од ДПМНЕ, дека тоа ќе биде причина да пропаѓаат фирми и ќе има незадоволни работници. Но, напротив, место 8 600, сега имаме минимална плата од 22 000 денари. Место просечна од 20 илјади, денес имаме просечна плата поголема од 36 илјади денари“,

рече Спасовски.

Тој вели и дека СДСМ е промотор на идејата едно општество за сите, и промотор на идејата за учество на малите етнички заедници во парламентот и рече дека доколку СДСМ не била присутна во овие три децении, ниту еден претставник на етничките заедници во земјава немало да има претставник во Собранието. Тој заклучи и дека борбата против корупцијата мора да остане да биде клучен приоритет за државата.

„Па ние до одреден период немавме борба против корупција, туку силно криминализирана власт, и воспоставен судиски систем кој ја поддржуваше и од сето тоа се спроведоа низа постапки за кои се виде дека носевме одговорност. Покажавме дека нема селективност, дека сме транспарентни. Дали треба да се направат реформи во иднина во правосудниот систем, секако дека треба и тоа е дел од програмата на СДСМ и секако тоа ќе овозможи ефикасност во постапките“,

вели Спасовски.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK