ноември 10, 2024

Пред полноќ две сообраќајни несреќи ги вознемирија граѓаните во Кисела Вода и ги извадија на улица. Очевидците за „24 инфо“ информираат дека две лица се пренесени во болница, а причинета е значителна материјална штета. Несреќата на „кривината на смртта“ на улицата „Христо Татарчев“ ја предизвикал „голф 3“ кој завршил во оградата во еден од дворовите. Од силината на ударот автомобилот е целосно смачкан и не може да се препознае. Граѓаните од околните куќи видно вознемирени веднаш истрчаа на улица, но за среќа нема човечки жртви, бидејќи во моментот кога се случила несреќата по тротоарот немало пешаци., велосипедисти… Неколку стотина метри погоре, на кружниот тек, каде порано беше последната постојка на автобуската линија „24“ се судрила два автомобили од кои двете лица завршиле во болница.

Се чекаа полициски увидни екипи да пристигнат на теренот и да ги утврдат причините за сообраќајните незгоди.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK