ноември 10, 2024

Тој потсети дека во минатото повреда на етичкиот кодекс беше основа за разрешување на судија, но со новите законски решенија тоа повеќе не е случај, што според Саити е придобивка бидејќи тоа е европски стандард. Вели дека отсуството на репресија можеби не дава добри резултати, но сепак смета дека станува станува збор за решение кое засега е добро поставено

Во изминатиот период имаше добар инженеринг од другите власти во пренасочувањето на недовербата кон судството, смета претседателот на Здружението на судиите, Џемали Саити, кој сепак додава оти и фалата има свој удел во таа недоверба со своето работење.

Џемали Саити – судија во Врховниот суд и претседател на Здружението на судиите на РСМ / Фото: Принтскрин

Саити ова го кажа одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на годишната судиска конференција со која беше одбележан и Денот на правосудството кој беше на 31 март.

Тема на конференција, која се одржува седма година по ред во организација на Здружението на судиите и на Мисијата на ОБСЕ во земјава, беше „Квалитетно правораздавање – предуслов за обнова на јавната доверба“.

„Поставени се важни теми за дискусија, особено темите кои се однесуваат на мерит системот, унапредувањето на судиите, изборот на судиите, правото на жалби, односно правната заштита и други аспекти кои се однесуваат на оваа проблематика. Ова е еден од сегментите преку кој се манифестира независноста во одлучувањето во судската фела, почнувајќи од Судскиот совет па натаму“,

рече Саити посочувајќи зошто е важна темата на денешната конференција.

Прашан дали има реална можност за враќање на довербата во судството, имајќи го предвид последниот извештај на Европската комисија, каде што не беше нотиран никаков напредок во областа на правосудството, претседателот на Здружението на судиите рече дека општа е констатацијата оти граѓаните имаат ниска доверба во сите институции.

„Ние би се фокусирале во довербата во судството. Рак рана е таа доверба. Ние постојано изминатиот период преземавме низа активности за да се надмине тоа преку презентација на нашите одлуки, преку доближување на соработката со медиумите, но веројатно оваа активност треба да биде проследена со квалитетни одлуки. Јас не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но таа недоверба нешто детектира во нашето работење“,

изјави тој.

На директно прашање од каде потекнува таа недоверба, Саити одговори:

„Ние имаме два вида на постапки. Тоа се јавните постапки кои главно се отсликуваа низ предметите на СЈО и оние во граѓанска постапка кои секогаш ги засегаат двете страни и секогаш едната страна е незадоволна од тие одлуки. Но, јас сметам дека во изминатиот период имаше добар инженеринг од другите власти во однос на пренасочувањето на, да кажам, недовербата во судството, но сигурно и судството има голем удел во таа недоверба со своето работење“,

изјави претседателот на Здружението на судиите, кој е судија во Врховниот суд.

Од денешната судиска конференција организирана од Здружението на судиите и Мисијата на ОБСЕ во земјава / Фото: Принтскрин

Во врска со инструментите што ги има Здружението за да ги санкционира судиите кои го нарушуваат угледот на целото судство, наместо да се презема колективна одговорност, Саити го посочи Советот за етика кој има друга улога – да дава советодавни мислења.

„Во однос на вашето директно прашање ние го имаме Советот за етика кој дава советодавни мислења. Значи има сосема една друга улога. Не улога на детектирање на одговорност, туку укажува на некои неетички однесувања кое се претпоставува дека со оглед на интелектуалниот габарит на судијата имаат индиректно влијание на неговото однесување“,

рече Саити.

Тој потсети дека во минатото повреда на етичкиот кодекс беше основа за разрешување на судија, но со новите законски решенија тоа повеќе не е случај, што според Саити е придобивка бидејќи тоа е европски стандард. Вели дека отсуството на репресија можеби не дава добри резултати, но сепак смета дека станува станува збор за решение кое засега е добро поставено.

„Очигледно оваа придобивка, велам придобивка, затоа што во минатото повреда на етичкиот кодекс беше основа за разрешување. Со последните измени е придобивка затоа што не е основа за разрешување и е ставен како саморегулација, како морален суд. Очигледно дека тука можеби не се даваат добри резултати без репресијата да кажам во наводници, бидејќи ние сме научени на репресија. Но, сепак ја сум убеден дека сега засега е добро поставен, затоа што тоа е европски стандард“,

изјави претседателот на Здружението на судиите на Република Северна Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK