септември 20, 2024

Дебелите деца може да бидат изложени на поголем ризик да им биде дијагностицирана мултиплекс склероза во раната зрелост, сугерира новата студија.

Ризикот да биде дијагностициранa мултиплекс склероза (МС) се чини дека е двојно поголем кај дебелите деца во споредба со оние кои не се, откри една шведска студија.

Академици од Институтот во Стокхолм ги анализираа податоците од шведскиот регистар за третман на детска дебелина. Базата на податоци, е еден од најголемите светски регистри за третман на детска дебелина.

Истражувачкиот тим ги прегледал податоците за деца на возраст меѓу две и 19 години кои биле регистрирани во регистарот помеѓу 1995 и 2020 година и ги споредил нивните податоци со децата од општата популација.

Нивната студија опфатила податоци за повеќе од 21.600 дебели деца кои започнале третман за дебелина на просечна возраст од 11 години, како и повеќе од 100.000 деца кои не се дебели.

Децата вклучени во студијата, која треба да биде претставена на Европскиот конгрес за дебелина во мај во Венеција, биле следени во просек по шест години.

Просечната возраст на дијагноза на МС беше околу 23 години.

„Еден од ефектите на дебелината кај децата е тоа што предизвикува благо, но хронично воспаление, а ова воспаление го зголемува ризикот од развој на неколку болести како мултиплекс склероза“, велат авторите на студијата, професорката Емилија Хагман и професорот Клод Маркус.

Во текот на периодот на следење, мултиплекс склероза била дијагностицирана кај 28 дебели луѓе, што е 0,13 проценти од групата и кај 58 лица кои не се дебели, што е 0,06 проценти од групата.

The post Дебелите деца се изложени на поголем ризик да развијат мултиплекс склероза appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK