септември 20, 2024

Последниот Американец кој беше број 1, Енди Родик ја коментираше главната тема во светот на тенисот, кој ќе биде новиот тренер на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ минатата недела ја прекина петгодишната соработка со Горан Иванишевиќ, па на големо се шпекулира кој би можел да го наследи.

Засега „фаворит“ е Ненад Зимоњиќ со кого Ѓоковиќ тренираше во Белград, но и во Монте Карло каде го очекува следниот турнир.

И додека повеќето аналитичари шпекулираат со некои познати тренерски имиња, Родик смета дека на Ѓоковиќ не му треба тренер.

„Чудно е кога ќе го поставите тоа прашање, дали му треба тренер? Мислам дека мојата мачка може да го тренира и да заврши прилично добра работа, веројатно да освои еден тон натпревари“, рече Родик.

The post „Не му треба тренер на Ѓоковиќ и мојата мачка да му биде тренер тој ќе победува“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK