септември 20, 2024

Томас Тухел „дебело“ ќе го плати предвременото заминување од клупата на Баерн Минхен. Неговиот договор со Баварците истекува во јуни 2025 година, но пред два месеци со клубот постигна договор да го напушти клубот една година порано.

Предвремениот раскин на договорот Баерн Минхен ќе го чини 10.000.000 евра, колку што изнесува годишната плата на Тухел.

Тухел кон средината на претходната сезона го презеде Баерн од Јулијан Нагелсман, ја освои титулата во Бундеслигата, но не по негова заслуга, туку поради неверојатниот кикс на Борусија Дортмунд во последното коло.

Оваа сезона не успеа да ги воспостави своите принципи во Баерн. На седум кола до крајот на Бундеслигата, тимот од Минхен има дури 13 бода помалку од водечкиот Леверкузен, што значи дека Баерн по 11 години ќе остане без титулата во Бундес лигата.

Баерн испадна од Купот на германија, од членот на Третата лига, Сарбрикен, а единствена надеж за спас на сезоната е Лигата на шампионите. Во четвртфиналето на елитното европско натпреварување Баерн за противник го има Арсенал.

Што и да се случи во Лигата на шампионите, Тухел со 10.000.000 евра во џебот ќе го напушти Баерн.

The post Тухел „дебело“ ќе го наплати предвременото заминување од Баерн appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK