септември 21, 2024

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата Левица кампањата, која ја води под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата”, ја почна со митинг во Струмица.

-Сега страдаме од божемната „наша власт”, која ги згази не само постигањата од минатото туку се однесува како внатрешен окупатор. Ни ја одзеде не само живејачката и волјата за напредување, туку и надежта. Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото, ни ги отселија најдрагите. Подготвени се да го запустат и последното парче плодна почва, воздухот го направија отровен, а последната капка вода сакаат да ја продадат на јабанџии. Сè ни одземаа – освен душата. И неа ли ќе им ја дадеме, порача Ванковска во своето обраќање пред струмичани.
На митингот се обрати и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев кој истакна: „Тачевизмот е највисок стадиум на ЗАЕВИЗМОТ и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот. Да му брцнеме во очи на оној кој направи штета за две генерации!” – рече Ванковска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK