септември 21, 2024

Во контекст на односите на шефот на државата со законодавната и извршната власт, кандидатот на ЗНАМ нагласи дека ќе се залага за зголемување на нивото на соработка, но дека нема да поддржува и да дава согласност за одлуки на парламентот кои ќе бидат спротивни со интересите на граѓаните на пример, како што рече, одлуката за измените на Кривичниот законик или т.н. француски предлог

Целосна департизација на безбедносната и дипломатската сфера во земјава – ова е една од главните заложби во изборната програма на претседателскиот кандидат на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, кое тој го истакна од денешниот изборен митинг во Кочани.

„Недозволиво е командир на некоја полициска станица или друга институција од делот на безбедноста да се плаши да се поздрави со вас зашто е потчинет на некој кој доаѓа од друга политичка партија“,

вели Димитриевски.

Максим Димитриевски, претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ

Доколку ја освои позицијата шеф на државата, Димитриевски најави дека во Судскиот совет и во Уставниот суд ќе номинира кандидати со дигнитет, искуство и интегритет, личности кои имаат познавање од работата којашто ќе ја вршат. Претседателот, додаде Димитриевски, има одлучувачка улога во правосудниот систем и оттука, како што рече, недозволиво е правда и неказнивост да има само за тие што се на позициите во власта.

Во контекст на односите на шефот на државата со законодавната и извршната власт, кандидатот на ЗНАМ нагласи дека ќе се залага за зголемување на нивото на соработка, но дека нема да поддржува и да дава согласност за одлуки на парламентот кои ќе бидат спротивни со интересите на граѓаните на пример, како што рече, што беше одлуката за измените на Кривичниот законик или т.н. француски предлог.

„Ќе иницирам правен тим што ќе влезе во анализа и модификација, однос редифинирање на ваквата преговарачка рамка со ЕУ, согласно општествено прифатливите услови кај нас. Бугари во Уставот не ни пречат, ни пречи негацијата од Бугарија дека ние сме Македонци од скоро, од пред 50 години“,

рече, меѓу другото, Максим Димитриевски од обраќањето на митингот во Кочани.

Една од заложбите на Димитриевски како иден шеф на државата би била и формирање експертски тим задолжен за пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесени против Бугарија бидејќи, како што порача, и тие граѓани во таа држава имаат права согласно европските стандарди.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK