септември 21, 2024

Изгаснат е пожарот што избувна попладне под Скопско кале, на поранешниот полигон за полагање возачки испити, а во кој беа зафатени пет  патнички автомобили.

Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а присутни се полициски екипи за утврдување на причините.

Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.

-Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, информира Томевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK