септември 21, 2024

Од денеска започна кампањата за претседателски избори. Носителот на кандидатска листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3, Драган Ковачеки, утринава во Штип апелираше до граѓаните да се сплотат во борбата за претседател Гордана Силјановска-Давкова, со цел да запрат националните понижувања за Македонците.

„Време е за важни одлуки, време е за промени и победа на граѓаните на Македонија и ВМРО- ДПМНЕ. Од денеска започнува крајот на националните понижувања на газењето на македонското национално достоинство, и Македонцеот. Време е за нова иднина нова надеж за проекти и реформи. Време е Македонија да добие мајка на нацијата,време е професорката Гордана Силјановска -Давкова да стане птретседател на сите граѓани на Македонија.„ изјави Ковачки

Митинзи, тет а тет средби со граѓаните, презентација на програмата ќе биде дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа прилика Ковачки ги повика граѓаните вечерва да бидат дел од големиот сенароден митинг во Скопје.

„Вечерва ве повикувам сите во 20:00 часот пред Влада на големиот сенароден митинг со кој што ќе ја дадеме поддршката на нашиот кандидат- иден претседател на Република Македонија проф. Гордана Силјановска- Давкова. После тоа продолжуваме со дополнителни митинзи и средби со граѓаните,презентирање на нашата програма, практично се што опфаќа една политичка кампања како што била во изминатите периоди„ кажа Ковачки

Ковачки заедно со пратеникот Никола Мицевски побараа и добија благослов од митрополитот брегалнички господин Иларион во штипската градска црква „Свети Никола“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK