септември 21, 2024

За случајот, како што соопштија од српското МВР, веднаш било известено Вишото јавно обвинителство во Заечар, кое наредило обдукција на телото во Институтот за судска медицина во Белград

Еден од осомничените кому вчера му беше одреден 48 часовен притвор поради сомневање дека му помогнал на 50-годишниот Д.Д., осомничен за убиството на Данка Илиќ, да го пренесе телото на девојчето на друга засега непозната локација, ноќеска починал во Полициското одделение во Бор, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи. 

Припадник на српската полиција (Илустративна фотографија) / Фото: Архива

Според Министерството на лицето кое ги има истите иницијали како и осомничениот за убиството на Данка, му се слошило денеска во раните утрински, по што починал.  

„Осомничениот Д. Д. (1984) од Бор на кого во саботата му беше одреденпритвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д. Д. (1974), осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по извршеното кривично дело, почина синоќа во Полициското одделение во Бор. На Д. Д. му се слошило во раните утрински часови по што и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да го реанимираат реанимација, тој починал во 3 часот и 10 минути, а лекарот судска медицина констатирал природна смрт“,

се наведува во соопштението на српското МВР. 

За случајот, додаваат од Министерството, веднаш било известено Вишото јавно обвинителство во Заечар, кое наредило обдукција на телото во Институтот за судска медицина во Белград. 

Инаку, полицијата вчера ги уапси Р. Д. (1951) и Д. Д. (1984) поради постоење основи на сомнение дека му помогнале на 50-годишниот Д. Д., осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, да го префрли телото на девојчето од депонијата во околината на Бањско поле на засега непозната локација на територијата на градот Бор.

Според неофицијални информации, станува збор за таткото и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ.

Инаку, Министерството за внатрешни работи на Србија претходно денеска соопшти дека нивни екипи продолжуваат со интензивните претреси на теренот на територијата на градот Бор во потрага по телото на двегодишното девојче. 

Повеќе десетици припадници на полицијата со најсовремена опрема ја пребаруваат Лазарева пештера, која се наоѓа на околу три километри од селото Злот, во кое живее едниот од осомничените за убиството на Данка, а кој, според сомневањата на полицијата, го префрлил телото на детето од депонијата кај Бањско Поље на друга локација два дена по убиството.    

Потрагата и претресите, како што се наведува, се одвиваат вдолж Лазаревиот кањон, како и на целиот простор покрај Злотска Река.   

Полициски екипи пред Лазарева пештера / Фото: Принтскрин од видео на Н1

 Во потрагата по телото на девгодишната Данка Илиќ досега детално се прегледани дворовите на соседите, околните бунари, како и голем број други локации, но засега нема информации дека е пронајдена некаква трага. 

 По десетдневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации, полицијата уапси двајца мажи од Бор – Д. Д. (50) и С. Ј. (50), осомничени за убиство, кои беа спроведени на распит во Вишото јавно обвинителство Заечар.   

Ним им е одредена мерка притвор до 30 дена и се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство.  

Обвинителството соопшти дека Д. Д. го признал делото, додека Ј.С. се бранел со молчење.  

Коментирајќи го убиството на Данка Илиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе ѝ предложи на Владата повторно да ја разгледа можноста за воведување на смртна казна за најтешки кривични дела.   

Тој, во изјава за ТВ Информер, потсети дека истото го предложил и по масовните убиства во основното училиште „Владислав Рибникар“ и во селата Дубона и Мало Орашје што се случија пред речиси една година.   

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK