септември 21, 2024

Наполи со спектакуларен пресврт забележа победа во Монца со 4:2. Наполитанците губеа по првиот дел, а во вториот за само шест минути постигнаа три гола со што го трасираа патот кон победата.

Монца дојде до предност со голот ан интернационалецот од Босна и Херцеговина Митар Ѓуриќ во деветтата минута.

Во вториот дел блиц-криг на Наполи, три гола во периодот од 55. до 61.минута. Изедначи Осимен, а потоа два прекрасни гола постигнаа Политано и Зјелински.

Само една минута подоцна домашните се вратија во мечот, стрелец беше Колпани. Сепак, се беше решено во 68. минута, кога Распадори ја погоди мрежата на ривалот.

The post (Видео) Блиц-криг за пресврт и победа на Наполи во Монца appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK