септември 22, 2024

Во најголемото дерби на холандскиот фудбал, Феенорд на стадионот „Де Куип“ го декласираше Ајакс со 6:0, остварувајќи една од најголемите победи во историјата на „Де Класиекер“.

Актуелниот холандски шампион приреди неверојатен настап, совладувајќи го Ајакс со дури 6:0. Домашните го постигнаа и седмиот гол, но тој беше поништен поради офсајд. Иако ПСВ Ајндховен е на чекор до освојување на шампионската титула, навивачите на Фејнорд се одушевени од „газењето“ на најголемиот ривал.

Ова беше 205. меѓусебен натпревар и најголема победа досега на Феенорд против „Копјаниците“. Досега нивниот рекорд беше 9:4 од 1964 година и 6:1 од 1960 година. Од друга страна, Ајакс победил со 8:2 (1983), 7:1 (1933), 6:0 (1975, 1998).

„Де Класикер“ првпат е одигран на 1 октомври 1921 година, а натпреварот завршил нерешено 2:2. Вкупно Ајакс и натаму води со 93 победи, Феенорд забележал 63 победи, додека 49 натпревари завршиле без победник.

Домашниот тим го отвори резултатот во 34. минута, а стрелец беше Игор Паиксао. Три минути подоцна Јанкуба Минтех зголеми на 2:0, а до крајот на полувремето меѓу стрелците се запиша и Давид Ханко (45+2). Минтех го постигна својот втор гол на натпреварот во 56. минута, Квинтен Тимбер зголеми на 5:0 во 62. минута, а Паиксао го постигна својот втор гол во 66. минута за 6:0.

Ајакс никогаш не загубил со повеќе од шест гола разлика во Ередивизијата. Кога Алиреза Јаханбахш го постигна седмиот гол во 79. минута, се чинеше дека и овој рекорд ќе падне. Сепак, судијата Дени Макелие го поништи голот поради офсајд позиција.

Феенорд сега заостанува девет бода зад ПСВ Ајндховен кој во саботата го победи АЗ со 5:1. ПСВ води со 78 бодови, Феенорд има 69, Твенте 60, АЗ 51, а Ајакс сега е шести со 45 бодови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK