септември 22, 2024

Иако на многумина редовно се тушираат, експертите предупредуваат дека тоа не треба да се прави на дневна основа, особено користејќи топла вода. Честопати туширањето може да ја исуши и да ја иритира кожата, да отстрани корисни бактерии кои се природно присутни на кожата, што го зголемува ризикот од кожни инфекции, објаснува дерматологот д -р Ранел Хериш.

Ова правило не важи само за возрасни, туку и за бебиња и мали деца. Многу лекари сугерираат дека родителите не треба да ги капат своите бебиња секој ден. Раната изложеност на нечистотија и бактерии може да придонесе за зајакнување на отпорноста на кожата, намалување на ризикот од алергии и егзема кај помладата популација.

Покрај тоа, лекарите ја истакнуваат важноста на редовната промена на долна облека, со оглед дека најголемиот дел од нечистотијата се задржува на неа. Ова придонесува за зачувување на здравјето на кожата и спречува потенцијални компликации поврзани со бактериски инфекции.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK