септември 22, 2024

Фудбалскиот клуб Вардар денеска го објави спотот за песната „Гордоста на градот“ која е создадена од членови на неколку музички бендови кои со ова дело ја искажаа својата поврзаност кон „црвено-црните“.

„Ви го претставуваме спотот за песната ,,Гордоста на градот” кој од денес ќе може да се погледне на официјалниот youtube канал на клубот.

Песната е создадена со заеднички ангажман на членови на неколку музички бендови, кои на сопствен-оригинален начин, ја искажаа својата приврзаност кон Вардар и црвено-црните бои.

Во името на клубот се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во креирањето на песната и спотот.

Се надеваме дека ќе уживате!

И не заборавајте…во недела се гледаме на Градски!“



The post (Видео) ФК Вардар го промовираше спотот за песната „Гордоста на градот“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK