септември 22, 2024

Додека Шакира е препознатлива по песните кои станаа глобални хитови како што се „Hips Don’t Lie“ или „Waka Waka“, ретко кој знае дека на почетокот на нејзината кариера таа се испробала и во актерството. Меѓутоа, бидејќи тогаш не била задоволна од својот изглед, ги откупила правата за да спречи репризирање.

Колумбиската пејачка имала 16 години кога глумела во теленовелата „Ел оазис“ од 1993 година, но брзо сфатила дека пеењето е нејзиниот прв избор, а актерството веројатно не и било едно од најдобрите искуства во тоа време.

Шакира ја играше Луиза Марија, која откако се соочи со природна катастрофа во нејзиниот роден град, ја пронаоѓа љубовта со Саломон, кој го игра Педро Рендон. Ако сакате да гледате теленовела, голема е веројатноста дека нема да најдете многу содржини на интернет.

Еден од ретките клипови од серијата беше споделен на Твитер, а може да се забележи дека пејачката изгледа значително поинаку.

Sabías que en 1994 antes de ser mundialmente famosa Shakira fué actriz?! pic.twitter.com/zE1yDgEMNm

— 𝖪𝖾𝗇𝗂𝖺 𝗅𝗈 𝗁𝖺𝖼𝖾 𝗍𝗈𝖽𝗈 𝗆𝖺𝗅 (@RelatocuriosoK) April 6, 2024

Режисерот Педро Моголон еднаш откри дека Шакира се издвојувала од актерската екипа иако имала само 16 години.

„Знаев дека таа девојка ќе замине далеку порано или подоцна“, рече тој и додаде: „Не бев изненаден кога стана ѕвезда, знаевме дека ќе се случи“.

Пејачката подоцна имаше неколку појавувања во серии, но во поединечни епизоди. Обожавателите се сеќаваат на нејзиното појавување во „Wizards of Waverly Place“ на Дизни заедно со Селена Гомез.

The post (Видео) Шакира глумела во теленовела, па ги купила правата за да спречи репризирање appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK