септември 22, 2024

Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, со отстранувањето на тешките последици и обновувањето на градот, започнала изградбата на Универзална сала, како трајно одбележување на хуманата акција на дарители од странство.Човечката солидарност дојде до целосен и безрезервен израз на сите полиња од животот. Во областа на културата тоа се изрази преку „Средбата на солидарноста“, која се реализира уште во првата година по земјотресот. Културно уметничката манифестација „Средба на солидарноста“ е од посебно значење за градот, неговото пост-земјотресно траење и развиток.

Идејата се изрази во остварување на меѓународна манифестација што ќе ги собере еднаш во годината во Скопје претставниците на земјите што му укажаа помош на разурнатиот град и тоа со средба на културно-уметнички ансамбли и спортски екипи.

Оваа идеја за прв пат е остварена во 1964. година од 26. јули до 2. Август, во организација на посебен Организационен одбор, продолжува неколку години потоа, добива нови димензии на хуманост и меѓународна солидарност, во вид на продлабочување на врските, соработка и збратимување на градовите

Во разрушениот град веднаш се појавува проблемот со простор за организирање на овие манифестации, односно започна да се размислува за една таканаречена „универзална сала“ во која ќе можат да се организираат културно-уметнички, но и помали спортски манифестации.
Фактор

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK