септември 22, 2024

Тиаго Мота тренерот на најпријатното изненадување оваа сезона во Серија А, Болоња, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот од „Ренато Далара“.

Бразилецот со италијански пасош ќе го наследи Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус.

Италијанските медиуми објавија дека Милан се обидел да воспостави контакти со Мота, но дека „росонерите“ добиле негативен одговор бидејќи преговорите со Јувентус биле во напредна фаза.

Според овие извори, Мота се заблагодарил и рекол дека во овој момент има прелиминарен договор со Јувентус и дека нема да преговара со ниту еден друг клуб.

Мота на Болоња сигурно ќе и обезбеди историски пласман во европските купови. Желбата е клубот да игра во Лигата на шампионите, доколку тоа не се случи извесно е дека ќе избори место во Лига Европа.

The post Мота го одбил Милан, имал договор со Јувентус appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK