септември 22, 2024

Музичарот Лени Кравиц објави видео од теретана на Инстаграм и изненади многумина со изборот на облеката за вежбање.

59-годишниот музичар носеше кожени панталони, мрежеста маица, чизми и очила за сонце.

„Фала му на Бога за денес! Благодарен сум за се и никогаш не сум бил подобар. Се е можно“, вели тој во описот на објавата која предизвика многу коментари.

„Кој вежба во кожени панталони? Само Лени“, „Каква легенда си ти“, „Само Лени може да вежба во оваа облека и да не трепне“, „Ова треба да стане тренд“, „Ова е лудо“, „Јас не можам да поверувам дека овој човек има речиси 60 години“, „Те обожавам, вежбај како што сакаш“, „Овој изглед е предобар“, напишаа фановите.

Лени Кравиц често добива комплименти за својот изглед. Минатата година ги воодушеви обожавателите со видеото за песната TK421 во кое се појави гол.

The post (Видео) Лени Кравиц објави видео од теретана и ги изненади луѓето со изборот на облеката за вежбање appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK