септември 23, 2024

Mакс Холовеј го освои БМФ појасот откако го нокаутира Џастин Гејџи во последната секунда од жестоката борба во пет рунди за време на настанот УФЦ 300. Борбата за појасот за симболичната титула на промоцијата ги оправда очекувањата, а нејзиниот крај беше особено спектакуларен.

Појасот БМФ не е најголемото признание на УФЦ, за многумина е дискутабилен, но неговата кратенка сама по себе доволно зборува за што се работи. БМФ е кратенка за „baddest motherfucker“, односно во малку полабав превод се доделува на најопасниот фраер. Во неделата наутро тоа стана Макс Холовеј.

Двајцата ривал не се штедеа од самиот почеток на борбата. Еден од клучните моменти на мечот беше ударот на Холовеј кога му го скрши носот на Гејџи, а бирбата заврши во самиот финиш, по пет беспоштедни борби.

Холовеј беше подоминантен и имаше предност, но бараше спектакуларен финиш. На само десет секунди пред крајот на борбата, тој му покажа на средината на кафезот на противникот и го повика да дојде. Следеа десет секунди удари без одбрана, а во последната секунда десното кроше кука на Холовеј падна на лицето на Гејџи за да стави крај на жестоката пресметка.

THE BADDEST MOTHERF****R @BlessedMMA | #UFC300 pic.twitter.com/WHtaTOmniw

— UFC (@ufc) April 14, 2024

The post (Видео) Холовеј е „baddest mother…ker“ во УФЦ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK