септември 23, 2024

Чаби Алонсо заврши неверојатна работа и со Баер Леверкузен ја освои првата титула во Бундеслигата во историјата на клубот.

Шпанскиот стручњак, со „Фармацевтите“, успеа да оствари 25 победи и само четири пати ремизираше. Баер на пет кола до крајот математички ја обезбеди титулата, прва во 120. годишната историја на клубот.

„Ова е посебен момент за клубот. Да се освои првата Бундес лига во 120 години историја е неверојатно. Играчите се фантастични, клубот е фантастичен. Чест ми е што сум дел од Леверкузен“, изјави Алонсо.

Најважно за навивачите на Леверкузен, Алонсо реши да остане во клубот и покрај тоа што имаше понуди од Ливерпул и Баерн Минхен.

Алонсо и неговите играчи до крајот на сезоната ќе се бора за уште два трофеи, во Купот на Германија и во Лига Европа.

The post Алонсо: Чест ми е што сум дел од Леверкузен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK