септември 23, 2024

Пејачката Драгана Мирковиќ  имаше концерт во Германија, но нејзиниот настап беше прекинат поради инцидент кој се случи во публиката.

На концертот, наводно, ненадејно настанала тепачка во публиката, поради што обезбедувањето веднаш реагирало, а Драгана Мирковиќ на кратко престанала да пее, јавуваат локалните медиуми.

„Сите го чекаа настапот на Драгана, а потоа во еден момент дојде до недоразбирање, нечиј проблем. Момци кои биле  до бината се скарале и настанала тепачка. Обезбедувањето мораше итно да реагира, а ги смири господата кои правеа проблем. Набргу потоа Драгана продолжи да ги пее своите хитови, а публиката танцуваше со неа до крајот на настапот“, тврди извор кој присуствувал на концертот на пејачката.

Драгана Мирковиќ минатиот месец објави дека се разведува од бизнисменот Тони Бијелиќ по 24 години брак.

The post Прекинат концертот на Драгана Мирковиќ: Обезбедувањето итно реагирало поради тепачка, настанал хаос во публиката appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK