септември 23, 2024

Роберто Кавали беше погребан денеска во Сан Минијато, населба во Италија.

Сандра Нилсон, 45 години помладата сопруга се прости од познатиот дизајнер. Таа не ги криеше солзите и го бакна ковчегот. Меѓу другите, на последното збогување дојдоа неговите деца, поранешната сопруга Ева Марија и бројни познати личности од Италија.

Медиумите потсетуваат дека италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали почина на 83-годишна возраст по долго боледување.

Роберто е најпознат по неговиот истоимен моден бренд. Брендот Roberto Cavalli е основан во седумдесеттите години, а групацијата моментално управува со широко портфолио на меѓународно етаблирани брендови позиционирани во различни сегменти од премиум понудата.

Пред врската со Сандра, модниот маг беше во брак двапати и имаше пет деца. Во првиот брак, со Силванела Џанони, ги добил синот Томасо и ќерката Кристина, а со втората сопруга Ева Марија Диренер имал три деца – Роберто, Рејчеле и Даниеле. Сандра го роди

The post Погребан Роберто Кавали, неговата 45 години помлада сопруга не ги криеше солзите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK