септември 24, 2024

ЕУ и нејзините партнери размислуваат за дополнителни санкции против Иран, главно поврзани со беспилотните летала и ракетните програми на Техеран. Ова го соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на состанокот на лидерите на Г-7.
„Ги повикуваме Иран и неговите полномошници целосно да ги запрат нападите. Сите страни мора да покажат максимална воздржаност. Разговаравме и за потребата да се стави крај на кризата во Газа што е можно поскоро. Ова вклучува итен прекин на огнот и итно ослободување на сите заложници на Хамас. Ова вклучува зголемена испорака на хуманитарна помош за Палестинците на кои им е потребна“, рече фон дер Лајен на видео конференцијата на лидерите на Г7.
Европскиот дипломат број еден, Жозеп Борел, издаде заедничка изјава во име на 27-те земји на ЕУ, во која се вели дека ЕУ најостро ги осудува иранските беспилотни и ракетни напади врз Израел. ЕУ ја потврдува својата посветеност на безбедноста на Израел.
„Во оваа силно напната регионална ситуација, натамошната ескалација не може да биде во ничиј интерес. Ги повикуваме сите земји на максимална воздржаност“, се вели во ставот на ЕУ.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел најави дека на самитот на лидерите на ЕУ следната недела во Брисел ќе се разговара за ситуацијата на Блискиот Исток.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK