септември 24, 2024

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на државата, стои во соопштението на Владата објавено по одржувањето на 14. седница.

– Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради распишување избори за претседател на Македонија и избори за пратеници во Собранието. Владата, согласно информацијата, донесе заклучоци со кои ги определи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови за сите граѓани на територијата на Македонија – се наведува во соопштението.

Владата им препорачува на работодавците од приватниот сектор да ги спроведат овие заклучоци.

– Во Информацијата од Министерството за труд и социјална работа е посочено дека имајќи го предвид Решението за распишување избор за претседател, како и Решението за распишување избори за пратеници, потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во која е регистриран – се заклучува во соопштението.

Фото: vlada.mk

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK